| четврток, 6 декември 2018 |

Азар: Му испратив порака на Мурињо и му се извинив

azar i murinjo

Белгискиот репрезентативец објави дека му испратил порака на поранешниот негов шеф во Челси Жозе Мурињо и му се извинил за слабата форма во периодот додека тој му беше тренер во „сините“ од Лондон и за лошиот однос во текот на оваа сезона.
Мурињо во декември доби отказ од менаџерската функција во Челси, а една од причините за слабите резултати беше токму лошата игра на Азар кој се уште нема гол во премиерлигашка конкуренција. Се разбира, не е виновен само тој, но како најдобар играч во англиското првенство минатата сезона, од него се очекуваше да го повлече тимот.

– Му напишав СМС на Жозе и му се извинив. Му реков дека ми е жал. Минатата сезона постигнавме големи успеси, но сега нешто тргна на лошо. Се чувствувам малку виновен затоа што лани бев играч на сезоната, одлучував натпревари, а сега… – изјави Азар.

Мурињо мошне мирно го прими отказот од Челси и веќе се подготвува за новата работа. Британските медиуми тврдат дека тој ќе биде наследник на Луис ван Гал на клупата на Манчестер јунајтед по завршувањето на оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top