Уредот, кој според плановите треба да се тестира на Меѓународната вселенска станица во 2020 година, е дел од еден поширок проект на НАСА, наречен „LCRD“ (Laser Communications Relay Demonstration). Овој ласерски систем, според НАСА, ќе овозможи пренос на податоци за 10 до 100 пати побрзо од она што е сега се постигнува.
Ова не е прв пат НАСА да експериментира со ласерска комуникација како замена за радио сигналите. Во 2013 година, агенцијата постигна рекордна брзина на преземање и поставување податоци од и до лунарната орбита од 622 мегабити во секунда (Mbps) и 20 Mbps посебно – со нивниот „LADEE“ (Lunar Atmosphere and Dust Environment Explorer).
Но, овој проект е дизајниран да биде основа на тековен оперативен систем, кога првичните тестирања, кои треба да започнат во 2019 година, ќе бидат комплетирани. Дел од она што ќе ја демонстрира изводливоста на неговата структура за ласерска комунукација е овој нов модем.
Малиот уред со назив „ILLUMA“ е со големина на мобилен телефон, благодарение на тоа што во НАСА успеале да „стиснат“ многу функции во еден единствен микрочип. Тоа значи дека ќе биде неколку пати помал од приемниците од оптички влакна што сега се користат во вселенските летала.
Фотонските кола не се нова технологија, но усовршувањето на технологијата без да се создаваат тесни грла во однос на брзината во другите компоненти, претставуваше досега постојан предизвик за научниците. Ако НАСА успее во ова како што се надева, користа ќе биде огромна, бидејќи ќе се добијат многу помали инструменти со подобрени перформанси. Исто така, како и електронските кола и тие ќе може масовно литографски да се печатат, што значи дека производството ќе биде евтино.
Покрај тоа што ќе и донесе предност на НАСА, бидејќи ќе и овозможи побрз пренос на податоци од сателитите до земските сателитски станици, новата фотонска технологија може да има корист во сите сфери – од медицинските снимања, па до центрите за податоци што ги користат интернет компаниите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.