Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја најави новата мерка наменета за младите, наречена „Млади амбасадори“.
Мерката е наменета за средношколците кои ќе освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади. Тие ќе добијат годишни стипендии, кои ќе ги примаат 12 месеци.
-За освоен златен медал, средношколецот ќе добива по 12000 секој месец цела година. За освоен сребрен медал на добитникот ќе му се исплаќаат по 10000 денари 12 месеци. Средношколците кои ќе освојат бронзен медал, 12 месеци ќе добиваат по 8000 денари, истакна Груевски.
Лидерот на владејачката партија потенцира дека истата награда што ќе ја прими ученикот, ќе ја прима и наставникот по математика кој го водел ученикот и го довел до ниво за меѓународна награда.
-На меѓународните научни олимпијади учествуваат по 4-5 средношколци од секоја земја. Учесниците се избираат според остварениот резултат на научната олимпијада во Република Македонија. На сите средношколци кои ќе ги освојат високите места на домашниот натпревар ќе им биде доделен ваучер од 30.000 денари, додаде Груевски.
Оваа мерка ќе ја спроведува Министерството за образование и наука, а истата ќе започне од месец октомври оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер