Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје комплетно ќе се реновира, најави Никола Груевски.
-Комплетно реновирање на градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Се предвидува ставање во употреба и на вториот кат од библиотеката, кој долг период е надвор од функција, што ќе го зголеми капацитетот за над 200 места. На вториот кат ќе бидат ставени во функција кабини за индивидуално и групно учење, а на располагање ќе биде и просторија со десетина компјутери. Дополнително, ќе се реконструираат и дел од просторите на првиот кат за подобри услови за учење – истакна Груевски.
За оваа намена Градот Скопје инвестира 300.000 евра и започнува со реализација во јануари 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.