| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува 16. „Зимски салон“ на ДЛУМ

Шеснаесеттата меѓународната ликовна манифестација „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе биде отворена денеска, 5 февруари, Чифте-амам.

Со годинашниот „Зимски салон“ почнува прославата на 70-годишниот јубилеј на ДЛУМ.

Ќе бидат прикажани 45 дела од домашни творци и селекција од гости-автори од повеќе европски земји. Куратор е Хелена Фенцлова од Република Чешка, која инспирирана од географските карактеристики на Македонија, како и од разноликоста на индивидуалните интелектуални дејства, како тема за изложбата ја одбра „Нивоа на нашата свест“.

„Зимски салон“, основан во 1991 година, е единствена манифестација од овој вид во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top