Некои од нив немаат врска со естрадата, додека пак другите деловно соработуваат со своите познати сестри.
Братот на познатата пејачка Ана Николиќ и е доста позната на јавноста. Марко до сега го поврзуваа со голем број на познати убавици,а несебично и помага на својата позната сестра така што работи како нејзин менаџер. Ана во неколку прилики се пошегува дека нејзината мајка и братот се виновни што таа не може да најде момче бидејќи се многу поврзани и цело време се заедно.
Старлетата Мими Оро до сега не ги истакнуваше членовите на нејзиното семејство, но пред крајот на минатата година се пофали со родениот брат. Лазар кој е помлад од неа и е голема поддршка во животот,а откако Мими покажа како тој изгледа, добил голем број комплименти на сметка на физичкиот изглед.
Братот на Дара Бубамара се ожени минатата година. Преку фотографиите кои тогаш пејачката ги споделила на социјалните мрежи по повод тој настан јавноста го запозна нејзиниот брат Зоран.
Братот на Радмила Манојловиќ стана познат во јавноста откако како и негова сестра се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Ненад во ова музичко натпреварување не оствари ниту приближен успех како оној на сестра му.
Фолк ѕвездата Сека Алексиќ пораснала покрај братот Неџад кој пејачката речиси никогаш не го спомнува во јавноста. Иако својот однос го чуваат далеку од очите на јавноста, кога и да имаат можност го поминуваат времето заедно. Братот и помогна во градењето на нејзиниот дом во Стара Пазова, а пред година ја бранеше во медиумите од нападите на поедини членови на поширокото семејство.
Победничката на шеста сезона на реалното шоу „Фарма“ често зборува за својот брат Сани, за кој деновиве се шпекулира дека е влезе во седмата сезона на ова шоу. Тој и е најголема поддршка и секогаш е тука за својата сестра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.