Чувствувате дека ве изневерува и дека полека „роговите ви растат“? Ако сте ги забележале овие рани симптоми, можеби сте во право.
ПРЕТЕРАНО Е НЕЖНА
Ако се гали повеќе од вообичаено или инсистира да ја плати сметката, можеби ја гризе совеста. Можеби се чувствува лошо затоа што ве изневерила, па мисли дека тоа може да го надокнади со тоа што ќе ви купува подароци или ќе биде понежна од порано.
…ИЛИ ПРЕМНОГУ Е КАВГАЏИСКИ НАСТРОЕНА
Дали одеднаш стана претерано негативна и поодбранбена од порано? Ова би можело да биде доказ за вината која ја чувствува поради неверството, па наместо да биде нежна, станува посурова и изигрува жртва. Можеби ќе ве обвини за неверство од истите причини.
ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ПОМИНУВА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Студијата, која ги испитала корисниците на социјалните мрежи, открива дека дури 40% од корисниците се во врска и дека дека тројца од десет корисници се всушност женети.
Доколку забележите дека вашата девојка повеќе време минува на Фејсбук отколку порано, а ако од неодамна започнала да ги следи сите трендови што се случуваат на социјалните мрежи, можеби е во процес на барање љубовник.
ОДЕДНАШ САКА ДА КОРИСТИ КОНДОМИ
Ако досега не сте користеле кондоми, а таа одеднаш тоа го сака, можеби бара сексуална привлечност вон вашата врска.
МНОГУ ПОВЕЌЕ СЕ ДОТЕРУВА
Сте забележале дека вашата девојка се средува многу повеќе отколку порано? Можеби тоа е знак дека сака себеси да се лансира во орбитата на привлечни и сами девојки, иако е во врска со вас.
ПРЕФЕРИРА ДА ВИ ИСПРАЌА ПОРАКИ ОТКОЛКУ ДА ВИ СЕ ЈАВИ
Пишувањето на пораки може да се прави паралелно со некоја друга работа, па ако таа инсистира на ваков начин на комуникација, можно е да се наоѓа во нечие друштво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.