Поранешниот претседател на „Ферари“, Лука Ди Монтеѕемоло, вели дека поседува информации за здравствената слика на Михаел Шумахер и дека тоа воопшто не е добро, па затоа во јавноста нема многу информации за легендарниот возач на Формула 1.
Монтеѕемоло како претседател на „Ферари“ во минатото, долги години имаа плодна соработка со Германецот и Монтеѕемоло уште ја чуствува приврзаноста кон Михаел, но за жал, вестите не се добри.
– За жал имам лоши вести за Михаел Шумахер, тој беше најуспешниот возач во ерата на Ферари, во целата негова кариера тој имаше само еден инцидент. Но за жал, друг инцидент му нанесе сериозни последици – констатирал Лука Ди Монтеѕемоло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.