| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Симон Киселички и Новак Мијовиќ во Штип

Концерт на Симон Киселички – Новак Мијовиќ ќе се одржи на 5 февруари во Дом на млади во Штип, со почеток во 22.00 часот

Симон Киселички е  роден  во Скопје, Македонија, во 1974 година каде што живее и работи. Неговиот прв резултат на македонската музичка сцена е во почетокот на 90-тите. Учествувал на голем број фестивали во Македонија, меѓу кои вреди да се издвои Скопскиот џез-фестивал, како и на фестивали и концерти вон нашата држава: Хрватска, Србија, Босна ,Унгарија. Неговиот прв албум „Беневентан“ излезе во 2003 година и е во издание на Скопскиот џез-фестивал. „Левитација“ е втор албум на Киселички во кој доминира џезот базиран на македонски етномотиви придружени од американски призвук на саксофон. Дел од омпозициите на албумот премиерно биле изведени на џез-фестивалот во Петровец, Црна Гора, информираат организаторите.

Новак Мијовиќ е асистент на отсекот за џез труба на Факултетот за музичка уметност во Белград. Од 2003 година соработува со најпознатите џез-трубачи од Србија, Стијепко Гут и Душко Гојкович. Од 2005 година станува соработник на биг-бендот на Радио-телевизија Србија, со кој и понатаму има успешна соработка. Има настапувано во Европа и во Азија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top