Автомобил „ферари“ од 1957 година, се очекува да стане најскапиот класичен автомобил продаван на аукција во Европа. Црвениот модел „ 335 спорт скалети“ ќе биде предложен утре на аукција во Париз, а цената ќе биде помеѓу 30 и 34 милиони долари.
Автомобилот е опишан како исклучителен во секој поглед, а со него се натпреварувале едни од најголемите автомобилски натпреварувачи, како Стирлинг Мос и Мајк Хоуторн.
Автомобилот освои Гран-при на Куба во 1958 година и е рангиран на второто место во несреќната трка „Миле милја“ во 1957 година, кога тркачки автомобил убива 10 гледачи покрај патеката.
Автомбилот е сопственост на колекционер на автомобили „ферари“, Пјер Бардинон од 1970 година и од тогаш е многу ретко виден.
Во моментов рекордот за автомобил, продаден на аукција во Европа, е 19,6 милиони фунти, (29,7 милиони долари). Овој рекорд е поставен во 2013 година од „Мерцедес-Бенц В196“ од 1954 година за време на аукција во Англија.
Светскиот рекорд за автомобил продаден на аукција е 38,1 милиони долари за „ферари ГТО“, што беше купен во САД во август 2014 година.
Според книгата на рекорди, рекордот за автомобил продаден на приватен купувач е 52 милиони долари, исто така за „ферари 250 ГТО“.
Пазарот на автомобили со колекционерска вредност, сепак се чини несигурен во оваа година. За време на јануарската аукција во Аризона, вредноста на продадените автомобили падна за 15 проценти, до 251 милиони долари. Ова е прво намалување од 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени
-
Ќе се продава болидот на Шумахер