
Со закана од огнено оружје непознато лице ја ограбило бензинската пумпа „Макпетрол – 82“ во Тетово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи ноќва, околу 1.45 часот непознато лице со маска на главата провалило во бензинската пумпа „Макпетрол – 82“ на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово.
Разбојниот со оружје му се заканил на вработениот Ж.А. од Тетово и од дневниот промет одземал 10.000 денари, по што избегал во непознат правец.
Полицијата извршила увид и трага по сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


