Германскиот интернационалец Тони Крос смета дека доаѓањето на Зинедин Зидан го препороди тимот на Реал Мадрид, кој сега игра многу подобро. Тој тврди дека играчите сега повторно уживаат во фудбалската игра, а популарниот Зизу им ја вратил самодовербата и им дал многу поголема слобода во играта.
– Со Зидан е сосема поинаку. Многу послободно се однесуваме на теренот, повторно уживаме во фудбалот. Се разбира, секогаш е императив да се победи кога го носите дресот на Реал Мадрид, но од него имаме максимална поддршка да покажеме што знаеме од фудбалската игра. А на тренинзите е сосема поинаку. Од Зидан може многу да се научи, тој сѐ уште е велемајстор со топката, а и има идеи што сигурно ќе донесат напредок на подолг рок. Мислам дека допрва ќе се видат резултатите од неговата работа – изјави Тони Крос.
Зидан сѐ уште не знае за пораз откако седна на клупата на Реал Мадрид, е единственото реми го забележа на гостувањето против Бетис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)