Исполнувајќи ја својата програма за 2016 година, Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, во клубот Матца Екслузив свечено ги награди најамбициозните и талентирани млади кои се натпреварувале со своите резултати на TOEFL испитот за 2015 година.
„Владеењето на повеќе јазици покрај мајчиниот е предност која ветува големи успеси, од базичната секојдневна социјализација до високо – професионалните односи. Од оваа причина и со надеж за мотивација на младите да ги усовршуваат странските јазици, а особено англискиот како “светски” јазик, Фондацијата одлучи да го награди најдобриот резултат на TOEFL испитот за 2015 година. Добивме 20 апликации со исклучително добри резултати, од кои најдобриот беше со освоени неверојатни 119 од 120 можни поени на Сара Андреевска – најави Јана Бурчевска претставник на фондацијата.
Потврда за правичниот избор за доделување на наградата дополнително го потврди фактот дека Сара моментално е на студии во Милано што е уште една потврда за нејзината упорност, посветеност и амбиција.
Не беа заборавени ни останатите учесници, присутни на доделувањето, кои добија благодарници за учеството и постигнатиот успех, со порака да продолжат со исто темпо да се надградуваат себеси.
Претставниците на фондацијата ја најавија и следната активност, и воедно повикаа на учесво на конкурс за најдобар есеј на англиски јазик на тема Ask not what your country can do for you, but ask what you can do for your country.
За крај на кратко се обрати и основачот на Фондацијата, Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, кој истакна дека посебно му е драго што има можност да помага на млади и амбициозни луѓе од Македонија, бидејќи смета дека тие се иднината за просперитет на татковината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.