| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува програмата за условен паричен надомест

Програмата за условен паричен надомест ќе продолжи и оваа година, а за таа цел обезбедени се 80 милиони денари кои ќе бидат наменети за околу 6.500 семеjства, чии деца посетуваат средно образование, изјави денеска во општина Илинден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

kompjuteri-studenti

 

Оваа мерка Владата ја усвои уште во јануари на првата седница, а е дел од програмата  која што на сите приматели на социјална помош им овозможува доколку децата посетуваат средно образование на редовна основа да добијат поголема финансиска помош.

-Тоа е мерка која што ја воведовме пред 6, 7 години и одлично се одвива, а ќе продолжи и оваа година. Со буџетот што се усвои минатата година и со програмата што се усвои во јануари се планираат 80 милиони денари за шест и пол илјади семејства, финансиска помош за поддршка на нивните деца во средно училиште, рече Груевски.

Досега преку оваа владина мерка доделени се вкупно 360 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top