| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонска Каменица се гради „Куќата на спортот“

Општина Македонска Каменица  ја започна изградбата на „Куќата на спортот“. Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски, општината ги користи поволните временски услови и стартува со изградбата на овој значаен објект во рударска Каменица која ќе биде современ дом за спортот.

– Куќата на спортот ќе чини околу 15 милиони денари. Планираме со градежните работи да завршиме за девет месеци. Инаку, овој објекет е лоциран на градскиот фудбалски стадион, а како потреба одамна го бараа од општината спортистите, пред се фудбалерите од Саса, рече Митевски.

Објектот ќе има вкупна внатрешна површина од околу 500 квадратни метри и ќе содржи современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, простор за фитнес центар и канцелариски простории кои ќе им бидат ставени на располагање на сите спортски клубови од подрачјето на општина Македонска Каменица.

Фирма изведувач е „Хит градба Еуростил“ од Македонска Каменица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top