Општина Македонска Каменица ја започна изградбата на „Куќата на спортот“. Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски, општината ги користи поволните временски услови и стартува со изградбата на овој значаен објект во рударска Каменица која ќе биде современ дом за спортот.
– Куќата на спортот ќе чини околу 15 милиони денари. Планираме со градежните работи да завршиме за девет месеци. Инаку, овој објекет е лоциран на градскиот фудбалски стадион, а како потреба одамна го бараа од општината спортистите, пред се фудбалерите од Саса, рече Митевски.
Објектот ќе има вкупна внатрешна површина од околу 500 квадратни метри и ќе содржи современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, простор за фитнес центар и канцелариски простории кои ќе им бидат ставени на располагање на сите спортски клубови од подрачјето на општина Македонска Каменица.
Фирма изведувач е „Хит градба Еуростил“ од Македонска Каменица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст