Олег Комаровски од Новосибирск тврди дека ова не е научно истражување туку негов заклучок каде што смета дека децата само поради ова не прозборуваат до својата трета година, пишува порталот „Мајка и дете“
Се повеќе родители се жалат дека нивното дете не проговорило иако наполнило три или дури четири години. Развојот на говорот е индивидуален и постојат големи отстапки меѓу децата, но бидејќи денес се повеќе се зборува за аутизмот и аутистичкиот спектар, па така се повеќе родители во однесувањето на своето дете пронаоѓаат симптоми кои би можеле, но и не мора да ја докажат таа дијагноза.
Меѓутоа, отсекогаш имало и секогаш ќе има деца кои се едноставно мрзливи за говор па без никакви дополнителни вежби ќе проговорат кога тие ќе посакаат да зборуваат.
Дури и педијатрите се повеќе склони кон предлогот кој гласи: причекајте, стрпете се, отколку веднаш да поставувате погрешна дијагноза и да ги испраќате на обемни прегледи.
Нo, еден невролог можеби ја открил причината поради која се повеќе има такви деца. Станува збор за детскиот невролог Олег Комаровски од Новосибирск чие истражување е објавено на страницата Komarovskiy.net, педијатар во чиј феноманални цитати сме уживале и порано.
Овој невролог во пет години истражување наишол на многу случаи на деца кои до својата трета година се уште не проговориле. Зошто е тоа така, научно не е докажано, но создал мислење врз основа на видените искуства. И како што истакнува во статијата, „немојте ова мислење да го претворите во наука, тоа се само мои забележувања, но едно забележав и ми се чини дека коцките полека почнаа да се сложуваат.“
„Децата на возраст од три години кои доаѓале кај мене на прегледи, навистина имаат многу слични симптоми со децата кои боледуваат од класичен аутизам – но ја немаат таа дијагноза ниту некогаш ќе ја имаат. Тие имаат една друга дијагноза, а се нарекува – екраноманија. Имено, сите тие деца од својата најрана младост се приковани пред екраните, и тоа сега да не биде некоја модерна флоскула, тоа се факти на кои им се пристапувало студиозно. Сите деца кои завршиле кај овој невролог веќе на околу едногодишна возраст добиле во рацете паметни телефони, таблети, лаптопи, бидејќи тоа денес, за жал, е нормално во одгледувањето на децата. Тие деца после две години покажале разорни последици – нивната мимика на лицето била закочена, погледот насочен право, а секој обид да им се одземе апаратот од рацете завршувал со негодување и агресија. Говор немало, дури ниту обид за тоа. Децата, по правило, откако ќе им бил одземен од рацете апаратот продолжувале да гледаат право без покажување на никаква љубопитност за светот околу себе или комуникација со другите.“
Неврологот Олег Корен не исклучува дека кај некои од тие деца не се развива некој облик на аутизам или аутистички спектар, но знаејќи колку е лесно да се помешаат причините и последиците, се потрудил да влезе подлабоко во проблемот за да може да ја докаже причинско-последичната врска на долготрајното користење гаџети во најраната возраст на детето како еден облик, за жал, на стереотипно однесување.
За да ги поткрепи тие тези објавил случај на едно девојче кое на возраст од шест-седум месеци било нормално весело кое мавтало со рацете и изговарало па-па. На околу седум-осуммесечна возраст девојчето почнало да јаде во столче за хранење пред телевизорот, па оттогаш почнало практично да живее со некои од тие апарати во раката. На возраст од 15 месеци девојчето повеќе не реагирало на ништо ниту на повиците на родителите, нито на какво било барање. Родителите се обратиле за помош, па Олег ги советувал да ги тргнат сите гаџети (мобилни телефони, таблети, лаптоп) од нивната ќерка. Првите неколку дена девојчето било луто и раздразнето, но и понатаму не реагирало на ништо и не остварувало никаков контакт со очите.
Малку по малку контактот почнал да се враќа, девојчето почнало со рачето да покажува што сака и иако овој стручњак не исклучува дека во нејзиниот случај можеби станува збор за некој дел на аутистичен спектар, тој верува дека не е се до таа дијагноза. Го докажал тоа токму со фактот дека откако од животот на девојчето ги отстраниле апаратите тоа полека почнало да му се враќа на нормалниот развој.
Таа се уште е премногу мала во однос на тригодишните деца кои не зборуваат, но на многу други случаи на кои работел докажал дека токму гаџетите толку многу ги окупираат децата така што тие едноставно немаат потреби за говор и комуникација со околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.