Четири актери се во трка за улогата на рускиот претседател Владимир Путин (63) во новиот филмски проект „Путин“, режисерот ќе биде двоен Оскаровец, а снимањето е планирано за оваа пролет, изјавил за „Спутник њуз“ еден од менаџерите на компанијата „Најт бриџ ентертеинмент“, Валериј Сарјан.
– Не сме дале никаква информација за тоа дека Леонардо Дикаприо е согласен да го игра Владимир Путин. Во јавноста се крена врева поради неговите изјави во германските медиуми. Може да се каже дека за оваа улога во трка за улогата на Путин се четири првокласни актери, додека филмот ќе го снима режисер кој има два Оскари – изјавил тој.
Сарјан исто така признал дека сценариото на филмот не е работено во соработка со Путин, иако некои медиуми пишувале за тоа дека Путин учествувал во тој процес.
– Станува збор за филм кој не бара било каква согласност на рускиот претседател. Ние со Путин за тоа не разговаравме, иако сите прашања врзани за сценариото се доверени на адвокатите на нашата компанија – изјавил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура