| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца го тужи синот на Аркан

Светлана Ражнатовиќ Цеца одлучи да го тужи Војин, синот на нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ, поради навреди, закани и провокации кои ги пласирал во јавноста преку друштвени мрежи, пишува „Блиц“.

Пејачката посетила адвокатска канцеларија, за да се консултира за тоа која е најдобра процедура за санкционирање на закани, кои ги добивала по друштвени мрежи.

vojin-raznatovic

Војин Ражнатовиќ

 

– Точно е тоа што сте го слушнале. Светлана ме посети минатата недела, за да ме запознае со случајот за заканите на друштвените мрежи – изјавил нејзиниот адвокат Денис Беќириќ.

Адвокатот одговорил и на прашањето зошто пејачката поднела тужба.

– Таа се чувствува загрозено. Постојано е малтретирана од страна на друштвените мрежи и тоа нималку не е пријатно. Кога подобро ќе погледнете, ќе сфатите дека тоа се тешки зборови, навреди и закани. Веќе не сака тоа да го трпи и советував заедно да составиме тужба – додава Беќириќ.

8b2a2484b17e5e9cc45feb521ccccbf2

Дел од навредите кон Цеца

 

Според него, синот на Аркан, практично ги користи друштвените мрежи за да ја навредува Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top