| четврток, 6 декември 2018 |

Се преврти автобус кај Крива Паланка – пет лица тешко повредени, 21 со полесни повреди

policijaПет лица се тешко повредени, а 21 лице полесно во сообраќајната несреќа што ноќеска се случила при превртување на бугарски автобус на магистралниот пат Крива Паланка – Ранковце.

Според полицијата, од засега непознати причини бугарскиот автобус се превртел во близина на селото Опила, а сите повредени патници се надвор од животна опасност и се пренесени на лекување во болницата во Крива Паланка.

Се претпоставува дека шоферот на автобусот ја загубил контролата, по што автобусот се превртел и удрил во дрво. Во автобусот имало 43 патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top