Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови.
Температурата ќе се движи од 11 до 21 степен.
Во Скопје сончево, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер.
Температурата до 17 степени.
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во четврток ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови, каде што локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Вo петок во утринските часови врнежите постепено ќе престануваат.
В четврток и в петок ќе дува умерен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина над 70 км/час и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.
Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно, но посвежо време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.