| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка меѓу стјуардеси причина за принудно слетување на авион

stjuardesa Авион на „Делта ерлајнс“ морал присилно да слета откако две стјуардеси се степале и тоа по само 40-тина минути по полетувањето.

Авиокомпанијата соопштила дека до тепачката дошло заради расправа „од работна тематика“.

stjuardesi

Во тепачката се вклучило и трето лице кое се обидело да ги смири стјуардесите, но и тоа добило „удар во лицето“.

Авионот летал од Лос Анџелес до Минеаполис, а капетанот слетал во Солт Лејк Сити, каде што според кажувања на патниците сите три стјуардеси биле истерани од авионот заради недолично однесување.

Авионот доцнел повеќе од еден час додека биле најдени нови стјуардеси за летот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top