| четврток, 6 декември 2018 |

Британија се простува од Маргарет Тачер

 Велика Британија денеска се простува од поранешната премиерка Маргарет Тачер. На погребната церемонија ќе присуствуваат повеќе од 2.000 светски државници, но во исто време се најавени и демонстрации на нејзините противници.

Британските власти ќе ја испратат Челичната Лејди со највисоки почести кои се дадени на кое било официјално лице во поновата историја на Британија. Поканети се и најголемите државници на светот. Сепак, пријателите на баронесата Тачер биле изненадени и разочарани од одлуката на американскиот претседател Барак Обама, кој не испратил ниту еден претставник на актуелната администрација. Наместо тоа, честа им ја препуштил на двајца поранешни државни секретари Џејмс Бејкер и Џорџ Шулц.

Нејзините неистомисленици, пак, најавија демонстрации за време на погребната церемонија и се заканија дека ќе фрлаат со јајца и со млеко по ковчегот ако успеат да се приближат доволно блиску или само ќе ѝ свртат грб на поворката за да го покажат нивното непочитување пред милионскиот телевизиски аудиториум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top