| четврток, 6 декември 2018 |

Група навивачи го нападнала Дејан Манасков

manaskov

Група навивачи го нападнала македонскиот ракометар Дејан Манасков, кој бил во друштво со неколку спортисти. Според „Спортмеда“, прво почнал конфликт со поединци, а потоа Манасков и друштвото биле нападнати од група навивачи и тоа прераснало во масовна физичка пресметка.

Сепак, во МВР нема официјална пријава за нарушување на јавниот ред и мир, ниту пак за повреда на некој од нападнатите. Инцидентот се случил на булеварот „Партизански одреди“, кај „Универзална сала“, синоќа околу четири часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top