| четврток, 6 декември 2018 |

Собраниска делегација на Молитвен појадок во Вашингтон

­ Собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, на покана на американски конгресмени престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64. Молитвен појадок, традиционален, национален американски собир.

molitven

 

Во состав на делегацијата се потпретседателот на Собранието, Рената Десковска и пратениците Павле Саздов и Нора Алити.

Како што соопшти собраниската служба за односи со медиумите, македонската делегација во текот на престојот во Вашингтон ќе учествува на неколку настани поврзани со Молитвениот појадок, ќе има и средби со повеќе конгресмени, сенатори, како и со претставници на меѓународни организации и фондации.

Секоја година претседателот на Соединетите Американски Држави и членовите на Конгресот, заедно со други високи функционери, како и дипломати и пријатели од повеќе од 140 земји од светот, се собираат на заеднички појадок да се заблагодарат за заемното пријателство и благосостојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top