Летните олимписки игри (ЛОИ) во Рио де Женеиро ќе се одржат и покрај епидемијата на вирусот зика во Бразил. Оваа информација ја соопшти кабинетот на претседателот на Бразил.
– Треба да им појасниме на тие што доаѓаат во Бразил, на спортистите, дека ризикот за нив е нула, освен доколку не се бремени жени – изјави началникот на канцеларијата на бразилската претседателка Дилма Русев, Жаг Вагнер.
Вагнер изјави дека ќе бидат потребни меѓу три и пет години за изработка на вакцина против вирусот.
ЛОИ во Бразил ќе се одржат од 5 до 21 август.
Болеста зика е откриена во 1947 година во Уганда. Вирусот го пренесува определен вид комарци.
Светската здравствена организација вчера соопшти дека зика е глобална опасност за јавното здравје бидејќи се поврзува со аномалии кај илјадници новороденчиња во Бразил и мошне брзо се шири. Во Бразил има податоци за околу четири илјади случаи на микроцефалија, аномалија, при која децата се раѓаат со помал размер на мозокот, што се поврзува со зика, но засега поврзаноста не е целосно потврдена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.