Цеца со недели е главна тема во балканските медиуми, или поточно откако одекна веста дека е во врска со Александар Јововиќ, манекен помлад 16 години од неа. Но, сега фолк-дивата за првпат се огласи по повод оваа приказна и тоа во емисијата „Премиера“ на ТВ „Пинк“.
Цеца јасно стави до знаење дека целата приказна е измислена. Таа објасни дека тоа се случило со намера да им се наштети на неа и на децата и дека поради приказната ќе поднесе тужба против медиумите што ја почнаа.
Фолкерката не негира дека со Александар се запознале на Тајланд, продолжиле да се гледаат по враќањето во Белград, но негира дека се во врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.