Сончево и потопло со умерена локална облачност, предвидуваат за денеска синоптичарите. Денеска, според прогнозите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната темепература ќе се движи од 13 во западните до 20 степени на македонскиот југ.
Синоптичарите велат дека утре времето ќе биде умерено облачно, а во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Утре времето треба да биде потопло и температурата ќе се движи од 15 до 23 степени.
Малку постудено ќе биде в петок. Се прогнозира умерено облачно време, со услови за краткотраен дожд во југоисточните делови. Температурата ќе се движи од
14 до 21 степен.
Првиот ден од претстојниот викенд се предвидуваат повеќе облаци над Македонија, но и потопло време. Температурата ќе се движи од 16 до 24 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


