| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува гласањето во САД за претседателски номинации

election-2016

Потенцијалните кандидати за претседатели на САД по речиси една година меѓусебни дебати и кампањи, пред гласачите излегуваат денеска во сојузната држава Ајова, каде што ќе бидат одржани првите внатрепартиски избори.

Милијардерот Доналд Трамп, кој од летоска убедливо води во трката за републикански претседателски кандидат, сè уште е изразит фаворит на национално ниво, но во Ајова има послаба предност.

Слична е ситуацијата и кај демократите. Поранешната сенаторка, државна секретарка и прва дама, Хилари Клинтон, засега има убедлива предност на национално ниво, но во Ајова има само некој процент повеќе од левичарот Берни Сандерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top