Понеделник, за разлика од недела ќе биде доста посончев, но и потопол. Повеќе ќе личи на ден од рана пролет, отколку на прв февруарски ден – прогнозира Метеопро.
Наутро ќе има услови за формирање на релативно слаба магла во северниот дел на повардарието.
Минималната температура ќе биде релативно висока, а ретко каде ќе има вредности под 0°С, но во секој случај во глобала ќе биде под 5°С.
Температурата во текот на денот ќе има максимална вредност од 12°С до 15 низ котлините во северниот и западниот регион. На југоисток очекваме максимална околу 19°С. Во Скопје наутро ќе има услови за слаба локална магла. Остатокот од денот ќе биде претежно сончев. Наутро се очекуваат минимални 2°С, а преку ден максимални 14°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.