| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Арсовски од Драчево го фати Крстот во Вардар

Ова е за мојот син, Војдан, на кого денес му именден. Првпат скокам по крстот, рече Дејан Арсовски од скопската населба Драчево, кој пред малку го фати Крстот што го фрли Архиепископот Стефан.

Најмлад скокач беше Филип Лазаревски кој има 15 години. Вкупно учествуваа 170 верници во фаќање на Крстот. За оваа церемонија, беше ископана дупка во близина на мостото кај министерството за внатрешни работи бидејќи Вардар во овој период од годината е длабок само 16 сантиметри.

vodici03

За разлика од Охрид, овде во Скопје беше фрлен дрвен крст, па скокачите веднаш го најдоа.

Централната манифестација во Битола се одржа во Храмот „Св.вмч. Димитриј“ каде богослужеше митрополитот г. Петар, а по положувањето во црковните води крстот по трет пат го фати 21-годишниот Никола Свенчев, кој на средбата со новинарите најави дека сите собрани финансиски средства што ќе му бидат доделени од оваа манифестација ќе ги донира во реконструкција на битолската црква „Св.Архангел Михаил“.

vodici04

Во црквата „Св.Атанасиј“ во Новаци во светите води во барањето и фаќањето на крстот учествуваа 20 момчиња, а годинава најсреќен е Илче Димовски во чии раце заврши богојавленскиот крст.

Во базенот на ФЗЦ свештенството од  црквата Св.Мина во Куманово се организираше фрлање на светиот крст. Оваа година, крстот го фати 21 годишниот кумановец Миодраг Јовановски.

vodici02
Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top