| четврток, 6 декември 2018 |

Во Турција портокалово ниво на тревога

Командата на турските военовоздухопловни сили прогласи специјален режим на работа во базите, односно портокалово ниво на тревога, јави Анадолија, повикувајќи се на воени извори.Со тоа веста за зголемената готовност на турската авијација полуофицијално му беше соопштена на целиот свет, истакна турскиот весник „Милиет“.

Според весникот турските вооружени сили имаат три основи нивоа на тревога, бело (ниска веројатност од напади), жолто (постои веројатност од напади) и црвено (висока веројатност од судири или војна). За военовоздухопловните сили сепак е воведено и портокалово ниво, што формално значи дека „судири може да има во секој момент и силите треба да се подготвени за одбрана и напади“. Црвеното ниво за воздушните сили значи дека почнале некакви воени дејствија и оти е потребно директно да реагираат на нив.

Последен пат портокалово ниво на трегова беше прогласено во средината на декември 2015 година кога турската авијација од базата во округот Дијарбекир беше ставена во состојба на зголемена воена готовност. Причина беше подготвуваната операција против Курдската работничка партија (ПКК) со извршување воени напади во Турција и во северен Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top