| четврток, 6 декември 2018 |

Нестручно ракување со пушки: Ранети двајџа ловџии

Како резултат на нестручното ракување со ловечки пушки на две различни локации се повредија двајца ловџии.
Вчера околу 16,00 часот на планинскиот дел над с.Боиште-демир хисарско, М.Д.(35) носејќи ловџиска пушка која ја поседувал дозвола испукал еден патрон при што го погодил во пределот на грбот В.А. (21). Истиот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош пренесен во болницата во Битола, а поради сериозноста на повредите истиот е препратен во Ургентниот Центар-Скопје.
Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчераутро околу 08.30 часот на планината Китка во близина на с.Алдинци,  при лов, со огнено оружје-ловечка пушка која ја поседувал со дозвола се самоповредил Д.Б.(62) по што истиот бил пренесен во ГОБ„Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана тешка телесна повреда во пределот на прстот-показалец на десна рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top