| четврток, 6 декември 2018 |

Во Колумбија има над 20.000 заразени со вирусот Зика, 2.000 се бремени жени

Во Колумбија официјално беше соопштено дека се регистрирани 20.297 заразени со вирусот Зика, од кои 2.116 се бремени жени.

zika

Светската здравствена организација во понеделник свикува итно заседание за опасноста од вирусот Зика, што се пренесува преку каснување од комарец.

Според СЗО, тој се шири со голема брзина на американскиот континент, каде што оваа година се очекуваат меѓу три и четири милиони заразени.

Во Бразил досега има 1,5 милиони заразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top