Иницијалната каписла за добивање на потребната дозвола настана при неодамнешната посета на Никола Груевски на фабриката „Везешари“.
Сопственикот на фабриката го образложил пред Груевски проблемот со извозот на јајца на пазарот на ЕУ со кој се соочуваат македонските компании.
За само три месеци и силно инсистирање, како и работа на надлежниуте институции добиена е дозволата за извоз на јајца со што се остварува уште едно дадено ветување.
Сопственикот на „Везешари“ Арбен Абдурахмани кој е на службено патување во Албанија во телефонската изјава вели дека е изненаден од брзата и ефикасна реакција.
-Тоа за државата значи многу и за нас производителите на јајца и на живинско месо затоа што досега ние бевме затворена држава, неможевме ниту транзит да одиме преку Европска Унија. Благодарение на Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство не ни е отворен само транзит, туку и извоз и пласман во ЕУ, вели Абдурахмани.
Сопственикот на компанијата смета дека сега оваа гранка повеќе ќе се развива и многу брзо ќе се отвораат работни места.
-Сите фабри се спремаат, најголем дел од фармите се подготвуваат да ја обноват својата технологија и да го зголемат производството. Една од тие сме ние, додава Абдурахмани.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски вели дека досега македонските јајцепроизводители можеле производите да ги пласираат само на домашниот пазар и на пазарот во државите околу Македонија. Со цел надминување на проблемот биле организирани заеднички состаноци.
-По видувањето на проблемите кои се однесуваа со извозот и транзитот, како Агенција веднаш преземавме мерки со цел во најбрз можен рок да издејствуваме Македонија да биде ставена во регулативата како земја која ќе може да врши извоз и транзит на јајца во Европската Унија. По неколку месеци од нашето ангажирање добивме дозвола за извоз и на 7-ми јануари беше објавена регулатива каде беше вклучена Република Македонија, вели Поповски.
Тој додава дека реакциите веќе се позитивни, бидејќи проблемите се надминати.
-Вкупно во Република Македонија има 110 живинарски фарми од кои десетина се поголеми со над 50.000 дневно производство на јајца. Со можноста за извоз и транзит низ ЕУ нема да очекуваат суфицит на нивните производи и ќе работат со позитивен биланс, додава Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.