Разликата помеѓу извозот и увозот минатата година беше позитивна од околу 230 милиони евра што значи дека поголема вредност се креираше во Македонија, а тоа директно влијае врз БДП, истакна на денепшната трибина на „Павел Шатев“ директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.
Македонката економија добива позитивни оценки и од страна на најрелевантни институции, како на пример извештајот на Светска банка, каде Македонија имаше највисок пласман на Балканот и 6-ти во Европа и 12 во светот.
-Целиот процес на континуирани реформи кои се спроведуваат 8-9 години полека но сигурно вродуваат со плод но не само за тоа на кое место сме рангирани туку уште повеќе. Глобалните светски компании најчесто пред воопшто да дојдат и да ја гледаат Македонија како дестинација се прави т.н. „деск рисрч“кога ангажираат некоја консултантска фирма и се прави анализа на голем број на земји. Сите овие реформи се многу важни бидејќи директно го подобруваат начинот на водење бизнис но и од компанијата која ќе дојде тука ќе може побрзо да стане оперативна и профитабилна, рече Мизо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марина Узунов од Кабинетот на Кочо Анѓушев именувана во УО на ТИРЗ
-
Од земја која никој не ја знаеше, Македонија ја направивме една од најатрактивните за инвестиции
-
„Адиент“ ја отвори својата нова фарбика во ТИРЗ Струмица, Заев само се сликаше
-
„Чагатај кабло“: Во јули ќе почнеме со градба, на почетокот од 2018-та започнуваме со работа