| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка ја повлече жалбата, дефинитивно Македонија ќе учествува на предолимпискиот турнир

norveska 1

Дисциплинската комисија на ЕХФ не ја прифаќа жалбата на Норвешка по полуфиналната пресметка со Германија на Европското првенство во Полска, пренесуваат поголемиот дел од европските медиуми.
Германците остануваат финалисти на ЕП, а денеска претпладне Дисциплинската комисија се очекува само официјално да ја потврди оваа одлука. Утрово, откако стана јасно дека ЕХФ нема да ја прифати нивната одлука, Норвешка и сама ја повлекла жалбата, свесна дека истата нема да биде прифатена.
Во вчерашното полуфинале Германија на пет секунди пред крајот на продолженијата ја победи Норвешка со голот на Хафнер. Сепак, во последните секунди Германците играа со осум ракометари на терен, а во еден момент имаа и девет ракометари на теренот. Норвежаните веднаш се жалеа.

– Да станува збор за некој првенствен натпревар во национален шампионат сигурно ќе се преигра. Правдата е на наша страна, но… – истакна норвешкиот селектор, Гунар Петерсен, кој, сепак, и самиот е свесен дека тешко е да се очекува преигрување на средбата.

Поразот на Норвешка во полуфиналето на ЕП оди во прилог и на Македонија, која на тој начи обезбедува учество во квалификациите за ЛОИ 2016.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top