Естрадните личности често поради темпераментот но и маркетинг и личен интерес се караат и навредуваат иако некои од нив до вчера биле пријатели и соработници.
Голем број на познатите тврдат дека на естрадата нема искрени пријателства и токму затоа не е за чудење фактот што многумина постојано се навредуваат и караат.
Дара Бубамара и Саша Поповиќ
Темпераментната пејачка влезе во судир со Аца Лукас и Саша Поповиќ по „Гранд фестивалот“ во 2008 година кога победи Аца Лукас. Дара жестокот се налутила поради пласманот па удри и по победникот и по Саша Поповиќ.
-Кога ја донесов одлуката повеќе да не бидам дел од монополистичкото владеење на Саша Поповиќ знаев дека ме чекаат шиканирања. Дури и да се закачам со целиот свет од своите ставови нема да се откажам. На моја среќа се судрив во човекот кој народот не го сака – изјавила тогаш Дара,а откако се слегнала прашината прво се смирила со Лукас па потоа и со Поповиќ.
Тања Савиќ и Славица Ќуктераш
Ѕвездите на Гранд долго време беа најдобри пријателки и една на друга си даваа поддршка и потпора во времето кога само што ја почнуваа естрадната кариера.
А тогаш пукна нивното пријателство поради наводниот обид на Славица да го заведе тогашното момче на Тања. Другарките жестоко се скарале и со години не разговараа. Тања во меѓувреме се омажи за друг. Славица ја најде среќата покрај голманот Влао Аврамов и тие две повторно се пријателки.
Наташа Беквалац и Емина Јаховиќ
Новосадската барбика не се дружи многу со колешките но со Емина Јаховиќ едно време беше добра пријателка.
Пријателството го зачинија и со соработка во песната „Господине“, позираа за весниците, а кога интересот поминал, секоја си заминала на своја страна. Се зборува дека дури и не се поздравуваат кога ќе се најдат во ист клуб.
Катарина Живковиќ и Милица Тодоровиќ
Двете пријателки на времето биле блиски пријателки и цимерки,а живееле во заеднички изнајмен стан и ги делел грижите и естрадните успеси, а тогаш наеднаш прекинаа секаков контакт.
Ниту едната ниту другата не сакаат да зборуваат кои се причините за нивната меѓусебна нетрпеливости. Се што е познато дека Милица ги собрала своите работи и експресно го напуштила станот. Но за разлика од другите случи овие две пејачки не се плукаа по медиумите.
Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ
Ривалството на двете популарни пејачки почнало да расте кон крајот на деведесеттите кога Карлеуша и се замери на Цеца и нејзиниот покоен сопруг во интервјуто под назив „Сите пејачки се курви“.
Пред неколку години посебно внимание на медиумите им го привлече отвореното писмо кое Карлеуша и го упати на Цеца и во кое со навредлив конткест ги спомнуваше и нејзините деца.
Зорица Брунцлик и Милош Бојаниќ
Двајцата пејачи својата војна ја започнале за време нанивното учество во реалното шоу Фарма. Зорица го навреди Бојаниќ зошто го спомнувал нејзиното семејство и неколку пати го плукнала во лице.
-Ти си една мизерна жена и немаш атрибути кои мене ми се допаѓаат. Ти си многу расипана жена. Ја фарбаш косата во розова боја како никој на свет си грда – и одговорил Милош.
Мина Костиќ и Индира Арадиновиќ Инди
Мина и Инди се скарани со години, а причината за тоа не е суета туку љубовни маки.
Мина за време на учество во реалното шоу Фарма открила дека на генералната проба на првиот Гранд фестивал тие две се степале поради поранешниот сопруг на Мина Тиосав Сретеновиќ Тика со кој Инди во тој момент се забавувала.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.