| четврток, 6 декември 2018 |

Тренерите во НБА избраа, без браќата Гасол, Данкан, Новицки на олстар-викендот

gasol

Тренерите на НБА-тимовите ги избраа кошаркарите што ќе бидат резерви на претстојниот олстар викенд, што на 14 февруари ќе се одржи во Торонто. Вообичаено, стартните петорки се избирани од страна на фановите, додека резервните играчи се избирани од страна на тренерите, кои овојпат решија на „мечот на сите ѕвезди“ да нема место за браќата Марк и Пау Гасол, како и за ветераните Дирк Новицки и Тим Данкан.

Шанса за деби на овие натпревари доби плејмејкерот на Бостон селтикс, Ајзеа Томас, кој со 175 сантиметри ќе биде најнискиот кошаркар на овој спектакл. Меѓу резервите на „истокот“ се најде и Крис Бош од Мајами, како и Џими Батлер, кој има одлична сезона во Чикаго.

На „западот“ меѓу резервите се најдоа двајца играчи на Голден стејт, Клеј Томпсон и Дрејмонд Гринн, како и Крис Пол и Џејмс Харден.

ИСТОК

СТАРТЕРИ: Кајл Лоури (Торонто), Двејн Вејд (Мајами), Леброн Џејмс (Кливленд), Пол Џорџ (Индијана), Кармело Ентони (Њујорк)

РЕЗЕРВИ: Џон Вол (Вашингтон), Ајзеа Томас (Бостон), Џими Батлер (Чикаго), ДеМар Розан (Торонто), Андре Драмонд (Детроит), Крис Бош (Мајами), Пол Милсап (Атланта)

ТРЕНЕР: Тајрон Лу (Кливленд)

ЗАПАД

СТАРТЕРИ: Стеф Кари (Голден стејт), Расел Вестбрук (Оклахома сити), Коби Брајант (ЛА лејкерс), Кевин Дурант (Оклахома сити), Кави Леонард (Сан Антонио).

РЕЗЕРВИ: Крис Пол (ЛА клиперс), Џејмс Харден (Хјустон), Клеј Томпсон (Голден стејт), Дрејмонд Грин (Голден стејт), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), ДеМаркус Казинс (Сакраменто), ЛаМаркус Олдриџ (Сан Антонио).

Тренер: Грег Попович (Сан Антонио).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top