Педесет и пет годишниот Ѓ.Т. од Младо Нагоричане е тешко повреден откако вчера паднал од скала.
Од полицијата информираат дека Ѓ.Т., кој работи како хигиеничар во „Југ Турист“ – Куманово, се качил на дрвена скала и со рачна пила сечел гранки на дрво во круг на автобуската станица во Куманово, при што паднал од истата.
Поради тешките повреди, работникот бил задржан во Хирушко одделение во Куманово.
Увид на местото на настанот извршила полицијата и Инспектор за заштита на живот и здравје при работа, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.