Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан денеска во Скопје се сретна со премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.
Посетата на Ештон се совпаѓа со презентирањето на пролетниот извештај за Македонија од страна на еврокомесарот Штефан Филе пред Европарламентот, од кој зависи дали земјата ќе добие датум за преговори на самитот на Европскиот совет во јуни.
Според агендата на Ештон, таа ќе разговара и со лидерот на коалицискиот партнер во власта ДУИ- Али Ахмети и со лидерот на опозициските социјалдемократи Бранко Црвенковски. Високиот европски претставник ќе биде примен и од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Целта на оваа балканска турнеја на Ештон е интензивирање на процесот на евроинтеграција за државите од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


