Томазо Роки од неодамна игра за Интер, но во реваншот од полуфиналето на италијанскиот куп, утре против Рома, вели дека ќе игра и за својот поранешен клуб Лацио.
„Сакам да ги направам среќни и навивачите на Интер и на Лацио. Ми стасаа огромен број на пораки од симпатизерите на Лацио, со кои ми порачуваат да ја разбијам Рома. Имам респект кон нив, но утре ќе ми бидат најголем противник. Мотиви имам и како играч на Интер, а пласманот во финалето и евентуалното освојување на купот би ни ја спасило сезоната“, вели 35-годишниот Роки.
Првиот дуел во Рим, го доби Рома со 2-1, а голем проблем за Интер е што нема многу опции во нападот, поради повреди на офанзивните играчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


