| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите ја открија најновата тајна на Цеца и Александар (фото)

Откако медиумите открија дека фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражанатовиќ година дена ја криела љубовната врска со 16 години помладиот манекен Александар Јовановиќ, пејачката на секој можен начин се обидува да ги прикрие деталите за новата романса.

Screenshot_1

Како што пренесуваат регионалните медиуми Цеца експресно го испратила младиот манекен во нејзината куќа во Аја Напа со цел да го тргне од новинарите кои го следат и истражуваат секој негов чекор.

Cecina-kuca-na-Kipru01-620x350

-Цеца се уште не сака јавно да зборува за врската со Александар. Кога и стана јасно дека новинарите нема да прекинат да ги опседнуваат ниту нејзината куќа ниту пак домот на Александар, Цеца му кажа дека најпаметно е тој да отпатува на Кипар додека ситуацијата малку не се смири. Поради тоа сама дојде на слава кај нејзиниот пријател Драган Маринковиќ Палма, а неколку дена е видена во еден ресторан на ручек со Саша Видиќ. За тоа време Александар престојува во нејзината вила во Аја Напа – кажал добро информиран извор за медиумите.

ceca-vila-3

*Цеца се здебели десет килограми откако има момче (фото)

Вдовицата на Аркан дури го откажала и гостувањето во „Ами Џи шоу“ кое требаше да го има вчера под изговор дека не сака да ги коментира наводите на медиумите дека со Јовововиќ е во емотивна врска за што водителот Огњен Амиџиќ секако ќе ја прашаше.

ceca-vila-2

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top