| четврток, 6 декември 2018 |

Брена за полнолетството на синот со подарок од сто илјади евра

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ подготвуваат гала прослава за полнолетство на помладиот син Виктор и а тоа планираат да  потрошат дури 100 000 евра.

lepa-brena-590x330

Прославата е биде организирана во еден познат белградски хотел, а организацијата и закупот на салата  ќе ги чини Живојиновиќ 30 000 евра. На нивниот наследник за 18 роденден кој ќе го прослави на 30 март ќе му подарат и автомобил за кој планираат да одделат 70 000 евра. На забавата ќе поканат околу 300 званици, меѓу кои ќе се најдат и голем број на значајни имиња од светот на естрадата, политиката, економијата и спортот.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Брена и Боба ќе се потрудат да ги исполнат и сите музички желби на нивниот син па гостите ќе ги забавува нивната идна снаа Александра Пријовиќ која е во врска со синот на Боба од првиот брак Филип. Освен неа, ќе пеат и Рада Манојловиќ, Дарко Лазиќ, Предраг Живковиќ Тозовац, Аца Лукас, Ана Бекута и многу други.

84793_capture-20160128-020502

-Брена и Боба веќе се договориле дека таа вечер ќе се служи само најдобрата храна и пијалак, а тортата ќе биде огромна. На семејство му е најважно се да помине како што планирале и секако на Виктор да му се допадне автомобилот кој планираат да му го подарат – изјавил близок пријател на семејството  кој додава дека  се уште не го одбрале моделот на автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top