Во својот есеј поврзан за одбележување на Меѓународниот ден на сеќавањето на холокауст, полусестрата на Ана Франк Еве Шлос го обвини Доналд Трамп дека се однесува како „нов Хитлер“.
Шлуз (80) заклучила дека евентуалниот избор на Трамп за претседател на САД би било „вистинска катастрофа“, бидејќи, како што изјави, неговото однесување потсетува на тоа на Хитлер за време на најголемото нацистичко лудило.
Таа вели дека иницијативата на Трамп за забрана на муслиманите во САД потсетува на тоа што таа и нејзиното семејство го поминале во Втората светска војна.
– Ако ја споредите реториката на Трамп со таа на Хитлер непосредно пред Втората светска војна ќе сфатите дека во прашање е ист шаблон. Трамп е фашист – изјави Шлос.
Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, Шлос заедно со семејството на Ана Франк престојувала во Амстердам, по што побегнале во Германија во средината на 30-тите години на минатиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.