Повеќе од 1,4 милијарда паметни телефони се продадени лани во светот, соопшти американската компанија за анализа на пазарите „Ај-Ди-Си“.
Во 2015 година се продадени 10 отсто повеќе паметни телефони во споредба со 2014 година.
Најголем производител во светот во четвртото тримесечје лани е повторно „Самсунг“ со 85,6 милиони продадени паметни телефони. „Самсунг“ има конкуренција во „Епл“ и во помал степен од кинеските „Сјаоми“ и „Хуавеј“ и „Зет-Ти-И“.
„Епл“ имал 18,7 отсто удел во пазарот во четвртото тримесечје со продадени 74,8 милиони „ајфони“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.