| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто да пиете лекови, сексот лекува се!

секс

Научниците откриваат дека во организмот на жената за време на сексуалниот однос се произведува поголемо количество на хормонот естроген, кој доведува до појава на „сјај во нејзините очи“… Освен за уживање, сексот има и 10 научно докажани бенефиции.

1. Сексот ги олеснува главоболките. Секој пат кога водите љубов, се ослободувате од напнатоста во крвните садови во мозокот.

2. Многу секс позитивно влијае врз затнатиот нос. Сексот е природен антихистамин. Тоа помага во борбата против астма и пролетна алергија.

3. Водењето љубов е за спектакуларна убавина. Научниците откриле дека кога жената има сексуален однос, таа произведува поголема количина на естроген кој ѝ дава сјај и мекост на косата и очите.

4. Сексот е еден од најбезбедните спортови. Водењето љубов го зајакнува мускулниот тонус на женското и машкото тело. Тоа е позабавно од 20 пливачки кругови во базен и не ви е потребна специјална опрема!

5. Ако водите љубов полека, опуштено и нежно, ги намалувате шансите да заболите од дерматитис, осип и акни. Потта која е произведена од водењето љубов ги чисти порите и ја прави кожата блескава и нежна.

6. Водењето љубов може да ги изгори сите калории кои сте ги добиле за време на претходната романтична вечера, која претходела на сексот.

7. Сексот е свет лек за депресија, отпушта ендорфин во крвта, создавајќи состојба на еуфорија и оставајќи ги жените и мажите со чувство дека се единствени.

8. Сексот е одличен за смирување и тој е најбезбедниот отпуштач на мускулите. Многу е поделотворен од валиумот.

9. Колку повеќе секс, толку подобро, бидејќи активното тело испушта повеќе фермони. Овој природен мирис на жлездите од нашето тело е незабележлив за нашиот нос, но е многу инспиративен за жените!

10. Ако се бакнувате секој ден, тоа ќе ги намали вашите посети на стоматологот. Уметноста на бакнувањето предизвикува плунка, ги чисти забите и ја намалува количината на киселината која предизвикува кариес, спречува орални проблеми, а да не го споменуваме задржувањето на здивот кое секогаш го обновува капацитетот на белите дробови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top