На Цеца по сѐ изгледа новата љубов ѝ донесе и вишок килограми. Како што пренесуваат регионалните таблоиди Цеца се здебелила цели десет килограми од кога е во врска со младиот манекен.
Според пишувањата на таблоидите, Цеца се пожалила дека од кога е во врска со 16 години помладиот Александар Јововиќ толку се занела во интимните уживања што почнала да води помалку грижа за себе. Наводно се здебелила дури десет килограми, а во последно време има проблем и со брчки и со подбрадок.
Таблоидите наведуваат дека токму тоа е причината што Цеца на нејзините профили на социјалните мрежи споделува свои постари фотографии, а на снимањата на емисиите во кои гостува бара посебно осветлување и снимање од посебен агол како и цела армија од стилисти. Некои отидоа дури дотаму што велат дека пејачката токму поради тоа што сака да го тргне вниманието од своите вишок килограми постојано носи длабоки деколтиња и ги става градите во пред план.
Вистина или не проценете сами:
Цеца 2015/2016
Цеца во 2014
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.