| четврток, 6 декември 2018 |

Бродвеј во Скопје

На 6. февруари, ресторанот „Форца“ во Скопје ќе биде домаќин на прекрасна магична вечер исполнета со музика, специјално селектирана интернационална кујна и разновидност од вина, пива и коктели.

163eeb1c-c021-43a9-8f77-e16842926c0c

Васко Дуковски

 

 

Само за оваа вечер од Њујорк доаѓа еден од светски најпознатите и најбарани кларинетисти, мулти-инструменталист и композитор Васко Дуковски магистер на „Џулијард“ школата за музика придружуван од светски познатата американска танчерка, текстописец, актерка и пејачка Нора Фокс.

84f0ef4b-0b1f-4def-a046-95bc9cc91cc6

Нора Фокс

 

Оваа фузија ќе биде надополнета од пијано звуците на џез пијанистот и композитор Васил Хаџиманов кој дипломирал на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон, македонскиот џез музичар, перкусионист и тапанар Виктор Филиповски кој дипломирал на Академијата за музика при Факултетот „Гоце Делчев”- Штип на отсекот џез музика и контрабасистот Кирил Туфекчиевски, дипломец на Универзитетот за музика и уметности во Грац, Австрија.

7491c036-4744-45fa-a6db-80b88dc1bf56

Виктор Филиповски

 

– Посетителите преку живописната Бродвеј вечер ќе имаат можност да го почувствуваат гламурот и звуците на Њујорк додека ги уживаат вкусовите и мирисите на специјалното мени подготвено од искусните готвачи во ресторанот „Форца“. Позади сцената на секојдневието ќе засветат облакодерите на Њујорк, ќе се чекори на црвениот килим на врвната светска музичка сцена и во неколку часовната приказна ќе бидете дел од Бродвеј – вели организаторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top