На 6. февруари, ресторанот „Форца“ во Скопје ќе биде домаќин на прекрасна магична вечер исполнета со музика, специјално селектирана интернационална кујна и разновидност од вина, пива и коктели.
Само за оваа вечер од Њујорк доаѓа еден од светски најпознатите и најбарани кларинетисти, мулти-инструменталист и композитор Васко Дуковски магистер на „Џулијард“ школата за музика придружуван од светски познатата американска танчерка, текстописец, актерка и пејачка Нора Фокс.
Оваа фузија ќе биде надополнета од пијано звуците на џез пијанистот и композитор Васил Хаџиманов кој дипломирал на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон, македонскиот џез музичар, перкусионист и тапанар Виктор Филиповски кој дипломирал на Академијата за музика при Факултетот „Гоце Делчев”- Штип на отсекот џез музика и контрабасистот Кирил Туфекчиевски, дипломец на Универзитетот за музика и уметности во Грац, Австрија.
– Посетителите преку живописната Бродвеј вечер ќе имаат можност да го почувствуваат гламурот и звуците на Њујорк додека ги уживаат вкусовите и мирисите на специјалното мени подготвено од искусните готвачи во ресторанот „Форца“. Позади сцената на секојдневието ќе засветат облакодерите на Њујорк, ќе се чекори на црвениот килим на врвната светска музичка сцена и во неколку часовната приказна ќе бидете дел од Бродвеј – вели организаторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





